Предложени измени во Законот за трговските друштва
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва,се предлага бришење на одредбите кои се однесуваат за тајни друштва од Законот за трговските друштва.
Согласно препораките на меѓународните организации во насока на зголемување на транспареноста, намалување на даночната евазија и даночното затајување, потребно е да постои достапност на информации за правниот или вистински сопственик на правните субјекти, како и даночната администрација да има пристап до тие информации, со цел истите да може да ги користи за свои цели и да ги разменува со другите даночни администрации.
Со оглед на тоа дека тајното друштво е форма на друштво кое нема правен субјективитет и не се запишува во трговскиот регистар, како и тоа дека идентитетот на тајниот содружник третите лица не го познаваат се предлага негово бришење.
Ова дотолку повеќе што, останувањето на оваа форма во правниот промет би влијаело и во намалувањето на оцената на Република Македонија за размена на информации по барање на даночни цели од страна на ОЕЦД. Дополнително, доколку оцената би била намалена, истото би имало влијание и во однос на скрининг мисијата на работната група при Советот на ЕУ, што пак може да резултира со ставање на Република Македонија на ЕУ листата на некооперативни јурисдикции за даночни цели
Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА