Предложени измени во Законот за црвен крст | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за црвен крст

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за црвениот крст се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на утврдувањето на висината на надоместоците, посебно на надоместоците кои се уплатуваат при технички преглед на возилата од причина што досегашните одредби не даваа правна сигурност при нивното утврдување и наплата од сопствениците на возилата.

Понатаму со овие измени се предвидува и рок во кој станиците за технички преглед се должни надоместокот за црвен кртс да го уплатат на сметката на Црвениот крст на Република Македонија.

Со досегашните одредби на Законот за црвениот крст на Република Македонија беше оневозможено на единствен начин од страна на сите овластени станици за технички преглед правилно да се пресметува надоместокот за црвениот крст кој се уплатува при вршење на технички преглед на возилото.

Со предложените измени на Законот за црвениот крст се со цел зголемување на правната сигурност утврдувањето на висината на надоместоците, посебно на надоместоците кои се уплатуваат при технички преглед на возилата.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико