Предложени измени во Законот за туристички развојни зони
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со цел за поголема промоција и развој на туризмот во Република Македонија, зајакнување на квалитетот на услугите на сместување и секако создавање услови за привлекување на странски и домашен капитал, беше донесен Законот за туристички развојни зони. Со него се предвидоа особено поволни услови за потенцијалните инвеститори. За инвеститорите беше понудена ниска почетна цена на земјиштето од 1 евро по квадрат, комуналии од 1 евро по квадрат, ослободување од данок на добивка во првите 5 години и изградена инфраструктура, даночни ослободувања за градежни материјали за изградба на објектите , државна помош за инвестиции над 10 милиони евра, ослободување од персонален данок, намалување на трошоците и до 50 % за општа или професионална надградба.
Ваквите мерки повлекоа потреба од измена и на други закони во насока на услогласување и содздавање услови кои ги бараат некој најавен инвеститор. Но освен законски измени оваа предизвика и низа неправедни постапки кон граѓаните. На нивните имоти кои се дел од означените туристички зони се врши екпропријација иако тие не даваа согласност за тоа бидејќи им се одземат по цени помали од реалната вредност.
Тоа секако се прави со оправдување дека има интерес од крупни инвеститори да купат некои од туристичките развојни зони и да направат во нив голем број на хотели, забавни центри и други содржини кои на некој начин ќе привлечат туристи. Но, во изминатиот период од донесување на овој Закон останаа само најавите дека нешто ќе се инвестира. Многу означените туристички зони останаа празни а изработените физибилити студии за туристички развојни зони се користат само за пормоција без конкретна реализација.
Единствено избраните инвеститори ги добиваат предвидените поволности и ги користат широките рокови и законски основи за непочитување договорите за инвестирање без да направат и минимални инвестиции. Од тој аспек сметаме дека е неопходно зајакнување на условите кои ги нуди државата со цел самата да се заштити од несериозни најави за инвестирање. За да овој закон не се сведе само на продавање на евтино градежно земјиште и користење на државна помош, предлагаме подолги минимални рокови за одржување на инвестициите, како и повисоки договорни казни во случај кога инвеститорите не ги почитуваат тие рокови за добивање одобрение за градба или изградба на конкретен објект.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА