Предложени измени во Законот за угостителска дејност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за угостителската дејност се уредуваат условите и начинот на вршењето на угостителската дејност, односно давањето на угостителски услуги за сместување и угостителски услуги за исхрана. Исто така во членот 46 на овој Закон уредено е и давање други угостителски услуги и услуги од физички лица, како што се давање на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор.
Во 2008 година направена е измена во која се предвидува дека на физичките лица во еден објект што се под заеднички покрив, може да се издаде само едно одобрение за вршење на оваа дејност. Со примената на оваа одредба се наиде на реален проблем кај голем дел од граѓаните, односно по принципот прв дојден, прв услужен, издадено е одобрение на лицето кое прво поднело барање за одреден објект.
Но, во сопственичката структура на голем дел од објектите се појавуваат различни лица како сопственици, и во ваква ситуација следниот поднесител на барање под заеднички покрив, да биде одбиен од Комисијата за категоризација со образложение дека веке е издадено едно одобрение за тој објект.
Предлог измената на членот 46 гласи:
„ Под условите утврдени со овој закон и други прописи, на еден објект под заеднички покрив може да се издадат одобренија за вршење на угостителска дејност на повеќе физички лица, при што едно исто физичко лице може да:
1) Изнајмува станови за одмор и соби во колективни станбени згради, чиј сопственик е носител на правото на користење, при што лицето може да добие повеќе од едно одобрение за вршење на угостителска дејност, но притоа вкупниот број на станови за одмор и соби во кои врши угостителска дејност по основ на сите издадени решенија на едно исто лице да не надминува 10 соби или 20 легла.
2) Изнајмува куќи, апартмани и соби за одмор во индивидуални станбени објекти чиј сопственик е носител на правото на користење, при што во еден индивидуален станбен објект под заеднички покрив може да се издаде повеќе од едно одобрение, но притоа вкупниот број на апартмани и соби за одмор во целиот објект по основ на сите издадени решенија за вршење на угостителска дејност да не надминува 10 соби или 20 легла.“.