Предложени измени во Законот за управување со отпадот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со измените и дополнувањата на Законот за управување со отпадот се врши допрецизирање на член 32 каде што увид на лице место за утврдување на исполнетоста на условите за добивање на дозволата согласно Законот за управување со отпадот ќе врши само претставник од надлежен орган за вршење на стручни работи во областа на животната средна-Управа за животаната средина кој ја води постапката за издавање на дозволата.
Со измената во постапката за издавањето на дозволата се исклучува државниот инспектор за животна средина, заради тоашто во месец мај 2014 година Државниот инспекторат за животна средина доби статус на самостојно правно лице со сопствена буџетска сметка, со што не може да учетвува во постапка за која е надлежен друг орган.
Со измените и дополнувањата исто така рокот за доставување на жалби против решенијата до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапки од работен однос во втор степен од 30 дена се заменува со 15 дена. . Со ова се воведува единствен рок од 15 дена за жалба во сите управни постапки кои се предвидени во Законот за управување со отпад.
Со измените и дополнувањата на член 4 односно во член 66 став (4) , дозволата за собирање и за транспортирање на опасен отпад се прецизира рокот за важност на дозволата за временски период од осум години наместо досегашниот рок кој предвидуваше рокот да биде не поголем од 15 години. Со ова се избегнуваат можностите исти дозволи да бидат издадени со различен рок на важење.
Се врши и допрецизирање на рокот за доставување на жалби до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапки од работен однос во втор степен да биде 15 дена.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА