Предложени измени во Законот за вештачење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Предлог измените се бришат професионалните стандарди, како обврска за вештакот да постапува согласно истите при изготвување на вештачењето, имајќи предвид дека истото не е неопходно од причини што во законот јасно е прецизирано дека вештакот има обврска вештачењето да го врши стручно и совесно во согласност со правилата на науката и струката и етичките норми, како и да го изготвува вештачењето навремено и во согласност со роковите пропишани со закон. Покрај тоа, законот таксативно ги набројува сите начела кои вештакот при извршување на оваа дејност е должен да ги почитува, а во кое е вклучено и начелото за професионалност.
Се пропишува обврска во постапката за изрекување на дисциплински мерки од страна на Комората на вештаци. Дисциплинската комисија заедно со одлуката за изречена дисциплинска мерка одземање на лиценцата за вештачење согласно член 39 став 1 точка 3 и член 40 став 3 од Законот за вештачење, да достави и предлог за одземање на лиценцата за вештачење. Воедно, со овој член се воведува санкција за вештаците кои нема да ја почитуваат законската обврска за плаќање на годишната членарина во Комората на вештаци, за непостапувањето по оваа обврска да им биде одземена лиценцата за вештачење.
Исто така се трга надлежноста Кодексот на етика на вештаците да го донесува Собранието на Комората по претходно позитивно мислење од Министерот за правда и надлежноста за донесување на овој акт во член 4 се пропишува кај Управниот одбор на Комората.
Со измените се пропишува обврска за Управниот одбор почетокот на календарската година да составува предлог листа на вештаци кои не извршиле уплата на износот на годишна членарина за претходната година, определен од Собранието на Комората согласно член 33 став 1 точка 9 и истата да ја достави до Министерот за правда. Истовремено, во насока поедноставување на постапката за донесување на Кодекс на етика на вештаците се пропишува надлежност за негово донесување од страна на Управниот одбор на Комората по претходно позитивно мислење од Министерот за правда.
Во однос на Правилникот за дисциплинска одговорност и постапка предвидено е да го донесува Управниот одбор на Комората, наместо Собранието на Комората на предлог на Управниот одбор, заради поедноставување на постапката за негово донесување или евентуално изменување, од причини што во законот прецизно е пропишано кога и под кои услови Собранието може да се свика и да се одржи.
Се брише поведението на вештакот за изготвување на вештачењето во спротивност со професионалните стандарди за кое може да се изрече дисциплинска мерка одземање на лиценцата за вештачење бидејќи истото не не неопходно, од причини што во законот прецизно е определено во согласност со кои правила и утврдени начела вештакот е должен да го изготвува вештачењето, како и санкциите за постапувањето на вештаците во спротивност со истите.
Се предвидува можност Бирото за судски вештачења да врши стручни работи од областа на вештачењата и супер вештачењата освен за потребите на органите на државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва основани од државата, како и за физичките и правните лица, воедно и за потребите на фондовите основани од страна на државата каде граѓаните ги остваруваат своите права.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА