Предложени измени во Законот за виното | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за виното

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

409620-trifunovski-kje-go-nadgleduvame-celiot-otkup-na-grozjeЗаконот за виното („Службен весник на Република Македонија бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15 и 39/16) е донесен во 2010 година и усогласен со Регулативите на ЕУ бр. 32008R0479, 32008R0555, 32009R0607 и 32013R1308. Од донесувањето на Законот, истиот е изменет и дополнет во 2011, 2012, 2013, 2015 и 2016 година со цел истиот дополнително да се усогласи со регулативите на Европската Унија, како и за потребите за посоодветна примена на законот и негово техничко и терминолошко подобрувања и усогласување на истиот со Законот за прекршоците и Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/15).

Во текот на примената на Законот се наметна потребата за донесување на измена и дополнување на Законот за виното со цел да се доуредат меѓусебните односи на производителите на винското грозје, трговците со винско грозје и производителите на вино од аспект на откупот на винско грозје за производство на вино, како и периодот, роковите и начинот на исплата на откупеното винско грозје.

Предлог – законот, покрај тоа што овозможува доуредување на меѓусебните односи при откупот и исплатата на винското грозје, утврдува и соодветни казнени одредби во случај на непочитување и/или злоупотреба на соодветните одредби.

Основна цел за донесување на законот е доуредување на меѓусебните односи на производителите на винското грозје, трговците со винско грозје и производителите на вино од аспект на откупот на винско грозје за производство на вино, како и периодот, роковите и начинот на исплата на откупеното винско грозје, со цел да се заштитат интересите на производителите на винското грозје и производителите на вино, односно почитување на меѓусебните договорни обврски во насока на подобрување на функционалноста на пазарот на винското грозје и виното.

За таа цел, од аспект на уредување на меѓусебните односи на производителите на винското грозје и производителите на вино и заштита на нивните интереси, предлог законот предвидува дополнителни механизми во однос на исплатата на винското грозје (намалена цена до 8% за исплата на винското грозје во рок од седум дена од приемот на истото, односно исплата на винското грозје на три рати од кои првата во висина од најмалку 20% најдоцна до 30 ноември во годината кога е извршен откупот, втората во висина од најмалку 40% најдоцна до 15 февруари наредната година и остатокот најдоцна до 30 април наредната година).

Покрај ова, Предлог – законот предвидува откуп на винско грозје за производство на вино да може да вршат производители на вино и трговци со винско грозје наменето за извоз, при што грозјето откупено од страна на трговци со винско грозје наменето за извоз да може да биде продадено и на производители на вино во Република Македонија само доколку за истото во целост се исплатени финансиските обврски кон производителот на грозје.

Конечно, Предлог – законот утврдува и соодветни казнени одредби во случај на непочитување и/или злоупотреба на соодветните одредби кои се однесуваат на откупот и исплатата на винското грозје.

Целосниот текст на Предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико