Предложени измени во Законот за внатрешни работи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/14, 116/14 и 33/15), нормaтивно-правно се уредуваат организацијата и надлежноста на Министерството за внатрешни работи, внатрешните работи, категориите, статусот и посебните должности и овластувања на работниците во Министерството, контролата на вршењето на работите на Министерството, правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството, должностите на работниците во Министерството, материјалната одговорност, односно надоместокот на штета и дисциплонската одговорност на работниците во Министерството, како и обработката на лични податоци и други податоци и евиденции што се водат во Министерството за внатрешни работи.
Имајќи ја предвид досегашната практична примена на законот во однос на одредбите со кои се предвидуваат посебни услови за именување на директор на Управата за безбедност и контрараузнзавање, како една од посебните работни компетенции предвидени за назначување на Државен секретар во Министерството за внатрешни работи, како и една од посебните работни компетенции (доколку истите се утврдени во актот за систематизацација на работните места) предвидени за нивоата на работни места од Категориите Б и В – раководни работници, нивоата на работни места од Категории Г, Д и Ѓ – стручни работници, како и нивоата на работни места од Категории Е и Ж – помошно-стручни работници, со предложениот закон се предлага бришење на условот што се однесува на поседување меѓународно признат сертификат Аптис (Aptis).
Воедно, имајќи го предвид членот 43 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.196/15), каде како системско решение е воведено формирање на преодна Влада, 100 дена пред одржување на парламентарни избори, во Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административните службеници што е во собраниска постапка, е содржано системско решение на статусот на државните секретари кои во моментот на формирање на преодната Влада го вршат мандатот, на кои во иднина при секое формирање на преодна Влада мандатот ќе им истече со истекот на мандатот на преодната Влада.
За таа цел, со предложените измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи, се уредува статусот на државниот секретар на Министерството за внатрешни работи како системско решение, како и преодно решение за статусот на државниот секретар на Министерството за внатрешни работи кој во моментот го извршува својот мандат.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА