Предложени измени во Законот за водостопанство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со донесување на Законот за престанување на важењето на Законот за водни заедници, во член 2 надлежноста и дејноста на водните заедници утврдени во член 5 од Законот за водни заедници („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2003, 95/2005, 113/2007 и 136/2011), инфраструктурата за наводнување и одводнување се пренесува на подружницата на АД Водостопанство.
Со Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова – KfW по Договорот за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – Фаза II“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.133/09), Договорот за заем потпишан помеѓу Министерството за финансии и KfW на 1.4.2011 година и Сепаратниот договор за Договорот за заем потпишан помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и KfW на 8.4.2011 година, е предвидено корисник на системите за наводнување изградени со средства од KfW да бидат крајните корисници т.е. земјоделски стопанства. За таа цел се направи измена во Законот за земјоделски задруги („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/15) во член 5 со што им се даде можност на земјоделските задруги да вршат услуги за наводнување на земјоделски површини преку користење на системи за наводнување врз основа на претходно склучен договор со надлежен субјект за вршење на водостопанска дејност.
На 8 март 2016 година се донесе Правилникот за начинот на вршење на дејноста преку соработка во вршење на услуги од страна на земјоделски задруги за наводнување на земјоделски површини преку користење на системи за наводнување врз основа на предходно склучен договор со надлежен субјект за вршење на водостопанска дејност со што се регулира начинот на користење на системите за наводнување.
Предлог – законот за дополнување на Законот за водостопанство се заснова на претходно наведените причини, крајни корисници на системите за наводнување да ги користат и одржуваат, а тоа е еден од главните услови за користење на заемот од KfW, донации и средства обезбедени преку ИПА фондовите и има за цел и тоа:
-изградба на нови системи за наводнување,
-рехабилитација на постојни системи за наводнување.
-развој на целокупната инфраструктура за наводнување на земјоделски површини.
Целта на Предлог-законот е доуредување на законските решенија со кои се овозможува користење и одржување на системите за наводнување од страна на крајните корисници, со што се овозможува домаќинско работење и одржување на системите и изградба на системите за наводнување што ќе допринесе за развој на земјоделското производство во целина