Предложени измени во Законот за возила | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за возила

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieВо рамките на Законот за возила се уредени овластувањата на правното лице кое врши  технички преглед на возилата и тоа за:  идентификација на возилата,  идентификација и оцена на техничката состојба на возилата,  прегледи на возила по посебни барања и  редовни и вонредни технички прегледи.

Правните лица кои вршат  технички преглед на возилата, за да добијат овластување за да вршат прегледи на возилата и да вршат идентификација и идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, потребно е претходно нивнот вработен стручен кадар  да е обучен и да има положени испити за оспособеност. Стручните испити се полагаат пред комисии формирани од министерот за внатрешни работи и министерот за економија.

Во врска со овие испити се направени измени во Законот за возила со цел да се добие во квалитет на проверка на знаењата и стручната оспособеност на кандидатите кои полагаа испит.

Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за возила е усогласување со Законот за правосудниот испит.

Со Член 1 од Измените и дополнување на Законот за возила се врши измена на ставовите (4) и (5) и дополнување со нови ставови (6), (9) и (10) на членот 66-а од Законот за возила, каде што Комисијата за полагање на испит од Министерството за внатрешни работи врши ревизија и ажурирање на базите со испитни прашања два пати годишно, а не еднаш годишно како што беше пред измената на Законот за возила и со новиот став се дава можност на Комисијата, 30% од прашањата да ги измени или целосно ги отстрани. Воедно министерот за внатрешни работи определува одговорно лице кое има за задача да утврди дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот, се воведува глоба и надоместок за одговорното лице и тоа со цел да се усогласи со Законот за правосудниот испит („Службен весник на Република Македонија“ бр.137/13).

Со Член 2 од Измените и дополнување на Законот за возила се врши измена на ставовите (4) и (5) и дополнување со нови ставови (6), (10) и (11) на членот 66-б од Законот за возила, каде што Комисијата за полагање на испит од Министерството за економија врши ревизија и ажурирање на базите со испитни прашања два пати годишно, а не еднаш годишно како што беше пред измената на Законот за возила и со новиот став се дава можност на Комисијата, 30% од прашањата да ги измени или целосно отстрани. Воедно министерот за економија определува одговорно лице кое има за задача да утврди дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот, се воведува глоба и надоместок за одговорното лице и тоа со цел да се усогласи со Законот за правосудниот испит.

Со Член 3 од Измените и дополнување на Законот за возила се брише став (1),  ставот (3) се менува и се додаваат 8 нови ставови во членот 66-в од Законот за возила. Измената на ставот (3) и (4) се однесува за информирање на кандидатите кои треба да полагаат испит и дека за полагањето на испитот ќе бидат информирани на веб страната на Министерството за внатрешни работи или на веб страната на Министерството за економија и преку Јавниот радиодифузен сервис. Со додавањето на новите ставови се дава можност на членовите на Комисијата за полагање на испитот да  добијат паричен надоместок  за секој одржан испит во износ од една третина  од просечната нето плата во Република Македонија. Потоа од овластеното правно лице кое го спроведува испитот и од АЕК (Агенцијата за електронски комуникации) се бара да го блокира радио френфекцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот. АЕК во просторијата за полагање на испитот инсталира мерна опрема која обезбедува електронски запис од извршените мерења и истите се складираат во централниот контролен систем на АЕК, со цел да се усогласи со Законот за правосудниот испит.

Со Член 4 од од Измените и дополнување на Законот за возила се врши дополнување на ставот (6) и се додаваат два нови става во членот 66-г од Законот за возила, каде што со дополнувањето, на кандидатот кој при полагањето на испитот постапи спротивно на ставовите (2) и (3), му се врши забрана да полага во траење од три години и му се одредува глоба од 200 до 300 евра во денарска противредност.

Со Член 5 од Измените и дополнување на Законот за возила се врши измена на ставовите (4), (5) и (6) на членот 66-л од Законот за возила каде што Комисијата за ревизија при Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија се состанува после одржаниот испит и врши ревизија на спроведување на испитот, по завршената ревизија доставува записник за испитот до надлежниот министер.

Со Член 6 од Измените и дополнување на Законот за возила, кажува дека овој закон треба да влезе во сила осмиот ден од објавувањето во  „Службен весник на Република Македонија”.

Партнери на Правдико