Предложени измени во Законот за вработените во јавниот сектор | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за вработените во јавниот сектор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Законот за вработените во јавниот сектор се уредуваат општите начела, класификацијата на работните места, евиденцијата, видовите на вработувања, општите права, должности и одговорности, мобилноста, како и други општи прашања за вработените во јавниот сектор.

Со предложените измени се воспоставува законска обврска за институциите да го пополнат и да го ажурираат Електронскиот систем за управување со човечки ресурси чиј составен дел е и Регистарот на вработените во јавниот сектор.

Целта на предлог законот е да се воспостави законска обврска но и прекршочна одговорност за раководните лица и овластените службени лица во институциите на јавниот сектор за пополнување на податоците во Електронскиот систем за управување со човечки ресурси чиј составен дел е и Регистарот на вработените во јавниот сектор. Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за вработените во јавниот сектор.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико