Предложени измени во Законот за вработување на инвалидни лица | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за вработување на инвалидни лица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

disabled employeesВработувањето на лицата со инвалидност е регулирано со Законот за вработување на инвалидни лица , кој што е донесен во 2000- та година и со истиот се уредуваат посебните услови за вработување и работење на лицата со инвалидност како и условите за основање и погодностите за работење на трговско друштво за вработување на инвалидните лица.

Со овој закон се уредуваат посебните услови за вработување и работење на инвалидните лица кога истите самостојно вршат дејност како трговец поединец, работат кај работодавач или имаат својство на работодавач, работат во државната администрација, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи, агенции и фондови и други државни институции како и условите за основање и погодностите за работење на трговското друштво за вработување на инвалидни лица – заштитно друштво.

Основна цел на предлог Законот за дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица е да се овозможи Посебниот фонд да се користат средства за придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување и придонес за вработување за вработеното инвалидно лице, како и придонес за пензиско и инвалидско осигурување за вработените во заштитното друштво кои не се инвалидни лица и инвалиди на трудот.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете  ТУКА

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико