Предложени измени во Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност  се уредуваат прашањата во врска со размена на трудот, правата и обврските на работодавачите, невработените лица, други лица кои бараат работа и државата, во врска со вработувањето и осигурувањето во случај на невработенсот и други прашања од значење за вработувањето. Во Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност е предвидено ослободување од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и ослободување од плаќање персонален данок за работодавачите од приватниот сектор.

Со цел со истото да им се овозможи опфат на поголем број на категории на невработени лица се предлага дополнување на овој закон. Основна цел на овие дополнувања е вклучувањето на невработени лица во пазарот на труд и социјалното осигурување преку поддршка, на подолг рок, со што ќе се овозможи зголемување на сигурност во вработувањето и социјалното осигурување на подолг рок.

Со членот 1 се врши промена во постојниот член 98-г кој го уредува ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход со уште еден услов невработеното лице кое сака да го вработи, во последните две години, да не било претходно вработено кај работодавач кој има сопственичка, организациска или управувачка поврзаност со работодавачот кој ќе користи мерка за ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход. Притоа рокот од став 1 алинеја 3 наместо 15 март 2015 се заменува со 15 мај 2016 година.

Со членот 2 се дополнува членот 98- ѓ во став 1 алинеја 2 со допрецизирање дека невработено лице за кое работодавачот ќе користи ослободување од плаќање на придонеси на задолжително социјално осигурување е невработено лице на возраст над 50 години кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос согласно мерката предвидена во овој член.

Со членот 3 се дополнува член 98-е со два нови става.

Со членот 4 се допрецизира членот 98-ж дека Агенцијата на 1-ви и 15-ти во месецот врши проверка на бројот на вработените кај работодавачот кој ги користи мерките од членовите 98-г, 98-д и 98-ѓ од овој закон и доставува податоци до Управата за јавни приходи.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико