Предложени измени во Законот за задолжница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Целта на донесувањето на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница е олеснување и поедноставување на деловните трансакции во делот на издавањето на задолжителна задолжница, со овозможување на фирмите да издаваат кумулативна задолжница. Кумулативната задолжница може да се издава меѓу фирма доверител и фирма должник кои во текот на определен временски период често влегуваат во должничко доверителски односи.
Со цел да се избегне честото одење на нотар за издавање на задолжници за секоја поединечна трансакција со една фирма и да се избегне зголемување на трошоците, а со тоа и на техничко административните ресурси на фирмите, со кумулативната задолжиица ќе се овозможи со едно одење на нотар да се покријат сите трансакции кои настануваат помеѓу фирма доверител и фирма должник во период од најмногу една година.
Притоа, се применуваат постојните ограничувања за издавање на задолжница пропишани со Законот за задолжница. Покрај оваа измена се овозможува Дополнително олеснување за фирмите, односно во случај на авансно плаќање на паричните обврски и во случај кога паричната обврска се плати во рок од пет работни дена од настанување на обврската за плаќање, не е потребно издавање на задолжиица. Исто така со предлог измените се прецизира дека одредбите од Законот не се однесуваат на должничко доверителски односи настанати со банкарски и/или финансиски активности, како на пример договори за кредит, осигурување, лизинг, факторинг и сл.)
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА