Предложени измени во Законот за заштита и спасување | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за заштита и спасување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieПросторните сили формирани од единиците на локалната самоуправа се силите кои први се активираат во случај на опасност или непогода, но немаат никаква светлосна или звучна сигнализација на нивните возила, со што се отежнува нивниот пристап до местото каде што се случила или постои опасност да се случи природната непогода или друга несреќа.

Дополнително на ова, светлосна или звучна сигнализација е овозможена, согласно Законот за заштита и спасување, за возилата на Дирекцијата за заштита и спасување кои се активираат дури откако просторните сили ќе побараат дополнителна помош. Граѓаните повикани на должност во просторните сили за заштита и спасување формирани од единиците на локалната самоуправа немаат право на надоместок за извршување на обврските и другите должности од областа на заштитата и спасувањето, иако таков надоместок е предвиден за граѓаните повикани на должност во силите за заштита и спасување формирани од Републиката.

Изедначување на статусот на граѓаните повикани на должност во силите за заштита и спасување формирани од единиците на локалната самоуправа со статусот на граѓаните повикани на должност во силите за заштита и спасување формирани од Републиката. Обезбедување на светлосна и звучна сигнализација за возилата на просторните сили за заштита и спасување формирани од единиците на локалната самоуправа, со цел побрзо и поефикасно дејствување при ургентни ситуации.

Целта на предложените измени и дополнувања во делот на надзорот е регулирање на статусот на инспекторите, постоечките работни места да се внесат во Каталогот на работни места и да се определи нивна соодветна група и нивни соодветни шифри а со тоа да се изврши усогласување на актот за систематизација со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор. Предложените изменувања и дополнувања ги опфаќаат и бодовните групи на платите за овластените службени лица со посебни должности и овластувања (Генерален инспектор, Помошниците на Генералниот инспектор и Инспектори за заштита и спасување), како и за воздухопловниот персонал што го сочинуваат летачкиот персонал, воздухопловно-техничкиот и друг стручен персонал односно авиодиспечер и координатор и за помошно техничките лица.

Ова од причина што одредбата од Законот за заштита и спасување што упатува на склучување на Колективен договор за утврдување на правата и обврските од работен однос меѓу кои е и правото на плата и надоместоци нее реализирана, односно Колективен договор со работодавецот не е склучен. Од тука призлегоа потешкотии во секојдневното работење во насока на распоредување и вработување на оваа категорија лица во Дирекцијата за заштита и спасување.

Начелата на кои се заснова овој Предлог за изменување и дополнување на Закон за заштита и спасување се исти на кои се заснова Законот за заштита и спасување. Предложеното решение во делот на надзорот ќе ги утврди статусот, правата и обврските од работен однос како и надлежностите и овластувањата на Генералниот инспектор, помошниците на генералниот инспектор и инспекторите за заштита и спасување чии работни места согласно член 14 став 1 од Закон за вработените во јавниот сектор треба да бидат уредени во група II – работни места на службени лица со посебни овластувања, односно лица кои засновале работен однос во институциите на јавниот сектор од областа на безбедноста, одбраната и разузнавањето заради извршување на посебни овластувања.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико