Предложени измени во Законот за заштита на потрошувачите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Потребата од донесувањето на Нацрт – законот произлегува од заклучок број 13 од педесет и втората седница на Владата на Република Македонија, одржана на 2.02.2015 година, точка 116 – Прашања и предлози. Согласно заклучокот се задолжува Министерството за економија за економија до крајот на април 2015 година да подготви измени и дополнувања на Законот за заштита на потрошувачите заради транспонирање на Директивата на Европската унија за правата на потрошувачите. ( Директива 2011/83/ЕУ на Европскиот амент и Парламент и Советот на ЕУ од 25.10.2011 година.
Целта на Нацрт- законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите е да се обезбеди заштита на потрошувачите особено при склучување на договори надвор од деловните простории на трговецот, а јакнењето на довербата на потрошувачите ќе влијае на зголемување на трговијата и економскиот раст. На потрошувачите им се обезбедува да имаат исти права без оглед на тоа каде го купиле производот или услугата, а јасните правила за трговците ќе ги потикнат да го прошират своето работење преку националните граници.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА