Правдико

   

Предложени измени во Законот за здравствената заштита

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со  Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија”, бр. 20/19), покрај другите измени и дополнувања , со член 8 е дополнет  членот 141 и како услов за специјализација е уредено дека здравствените работници со високо образование од областа на медицината  можат да специјализираат ако, покрај другите услови имаат и најмалку шест месеци работа согласно стекнатата лиценца за работа во примарна  здравствена заштита и преоден режим за спроведување на започнатите постапки за специјализација и супспецијализација, но не и за пробната работа .

Поради горенаведеното, се предлага донесување на Предлог-закон за дополнување на Законот за здравствената заштита.

Во Законот е содржано основно решение според кое условот за работа во траење од шест месеци ќе се однесува за сите здравствените работници со високо образование од областа на медицината кои со лиценца за работа се стекнале по  денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија” брoj 20/19).

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико