Предложени измени во Законот за земјоделско земјиште | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за земјоделско земјиште

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за земјоделското земјиште се уредува користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште како добро од општ интерес за Републиката кое ужива посебна заштита.

Измените и дополнувањата во Законот за земјоделското земјиште се во насока на реализацијата на Заклучоците на Владата на Република Македонија и потребата во законот да се предвидат одредби со кои ќе се доуредат и допрецизираат односите односно со кои ќе се пропишат нови законски решенија со кои ќе се определат нови односи.

Со измените и дополнувањата во Законот за земјоделското земјиште, се опфатени одредбите во поглед на начинот и постапката за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште (Заклучок на Владата на Република Македонија од Дваесет и деветтата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 21.10.2014 година), одредби со кои се регулира обештетувањето на коеисниците на земјоделското земјиште под закуп на кои договорите им се раскинуваат поради пренамена на истото во градежно земјиште (Заклучок на Владата на Република Македонија од Дваесет и седмата седница на Владата на Република Македонија одржана на 07.10.2014 година), одредби кои се однесуваат на зголемување на почетниот износ на закупнината (Заклучок на Владата на Република Македонија од Триесет и осмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 2.12.2014 година), како и одредби со кои се дава можност земјоделското земјиште да може да се даде под закуп за период од 70 години за подигање на лешникови насади (Заклучок од Четириесет и втората седница на Владата на Република Македонија, одржана на 13.12.2014 година), како и предлагање на одредби со кои се предвидуваат обврска на сопствениците на оранжериите кои немаат склучено договр за закуп за земјоделското земјиште да плаќаат надоместок за користење на истото се до склучување на договор за закуп или купувањето на земјоделското земјиште (Заклучок од Четириесет и трета седница на Владата на Република Македонија, одржана на 21.12.2014 година).

Со предложените измени и дополнувања се врши и усогласување на Законот за земјоделското земјиште со новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање донесен од Собранието на Република Македонија во декември 2014 година особено во делот на поднесување на барањата и утврдување на документацијата за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за потребите на урбанистичките планови и урбанистичко – планската документација преку информативниот систем е-урбанизам.

Измените и дополнувањата во Законот за земјоделското земјиште, опфаќаат и други одредби од постојниот закон за кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од практичната примена оцени дека треба да се допрецизираат, доуредат а кои се образложени во делот на образложението на предлог на законот.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико