Предложени измени во Законот за земјоделство и рурален развој | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Предложени измени во Законот за земјоделство и рурален развој

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој Службен весник бр.25/15 покрај веќе претходно предвидените услови (земјоделските стопанства да немаат парични обврски спрема Министерството за земјоделство) за користење на подршка по програмите за финасиска подршка во земјоделството и руралниот развој, се воспостави и нов услов а тоа е дека земјоделските стопанства не треба да имаат и обврски по основ на неплатени даноци и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Ваквиот дополнителен услов предизвика проблеми во имплеметацијата на програмите уште во тековната 2015 година, поради што се одложи примената на истиот за една година, проблемите не се отстранија ниту во текот на 2016 година поради што повторно се одложи примената уште за една година, а проблемите не се надминати и во текот на 2017 година поради што се проблематизира реализацијата на мерките по програмите за финасиска подршка во земјоделството и руралниот развој односно неможат да се исплаќаат ниту директните плаќања (субвенциите) ниту мерките за инвестиции во земјоделските стопанства.

Суштинските разлики (временски и процедурални) во начинот на утврдување на обврските по основ даноци и придонеси од една страна и обврските по основ на субвенции од друга страна, кои се резултат пред се на различните политики кои треба да се реализираат преку тие процедури (УЈП треба да наплаќа даноци и придонеси во строго утврдени постапки во законите од даночната сфера и кои треба да доведат до реализација на планираната приходна страна на Буџетот на РМ а пак процедурите за исплата на подршката во земјоделството се во насока да се обезбеди навремена исплата на подршката по различни мерки односно да се обезбедеи за еден ист корисник подршката по различни мерки да ја добива во различен период согласно календарот за исплата на подршката односно согласно потребите на земјоделците, го отежнуваат процесот на изнаоѓање на решенија кои нема да биде на штета на едната или на другата политика односно да се овозможи истовремено ефикасна и навремена наплата на даноците и придонесите и ефикасна и навремена исплата на субвенциите.

Од наведените причини а заради непречена реализација на финансиската подршка во земјоделството со предложениот закон се предлага за корисниците на средствата од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година и Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2017 година да се одложи важењето на условите за подмирени обврски по други основи кои не се од областа на земјоделството односно обврските за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико