Предложени измени за Законот за персоналниот данок на доход | Правдико

Правдико

   

Предложени измени за Законот за персоналниот данок на доход

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

taxСо Законот за персоналниот данок на доход е воведен персоналниот данок на доход и е уредeн начинот на оданочување на доходот на граѓаните. Персонален данок на доход се плаќа на приходите на физичките лица остварени во земјата и странство, во пари, хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид, освен приходите кои се изземени од оданочување со овој закон.

Персоналниот данок на доход меѓу останатите видови на приходи, се плаќа и на приходите остварени по основ на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижен имот.

Со Предлогот на Законот се врши допрецизирање на законските одредби во насока на воведување на поправеден персонален данок на доход за граѓаните на кои основна дејност им е земјоделството. Од наведените причини има потреба и се предлага изменување на Законот за персоналниот данок на доход.

Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико