Предложени измените во Законот за медицинските студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина | Правдико

Правдико

   

Предложени измените во Законот за медицинските студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за медицинските студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина  се уредуваат условите и постапката за стекнувањето наквалификации за вршење на професијата доктор на медицина на територијата наРепублика Македонија, студиските програми за образование и стекнување на квалификации за вршење на дејност на доктори на медицина, полагањето настручниот испит за докторите на медицина, континуираното стручно усовршување надокторите на медицина, следењето на новите сознанија во медицината, унапредувањето на знаењето и практичните вештини на докторите на медицина.

До донесувањето на овој закон материјата која се однесува на медицинскитестудии односно високото образование од областа на медицината беше уредена со Законот за високото образование  со кој се
уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање и престанок на високообразовните установи, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, а
прашањата поврзани со пробната работа, стручните испити, специјализациите и супспецијализациите и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина е уредено со Законот за здравствената заштита .

Со донесувањето на овој закон се наруши принципот на академската автономија на високообразовните установи односно на академската слобода која согласно член 12 од Законот за високото образование, покрај другото, ја опфаќа и слободата на избор на студиските програми и содржината на одделните предмети, како и
подготвување на учебници и други учебни помагала и слобода на студирањето, утврдувањето на правилата на студирање, облиците и видовите на наставно- образовните дејности и на проверката на знаењата на студентите. Всушност, високото образование за сите профили е уредено со Законот за високото образование.

Право на универзитетите е студиските програми сами да ги предлагаат, а Одборот за акредиција да ги акредитира или не. Оваа материја е уредена со прописите од областа на високото образование, а во однос на стручниот испит со прописите од областа на здравствената заштита. Од овие причини се предлага изменување на Законот за медицинските студии и континуирано стручно усовршување на докторите
на медицина.

Со решенијата содржани во Предлог Законот ќе се постигне медицинските студии односно високото образование од областа на медицината да се врши согласно Законот за високото образование, со што ќе се обезбеди академската слобода на високообразовните установи.

Целосниот текст на предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико