Предложени измените во Законот за нотаријатот и Законот за извршување | Правдико

Правдико

   

Предложени измените во Законот за нотаријатот и Законот за извршување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот

Причините за донесувањето на Предлог – законот за изменување и  дополнување на нотаријатот произлегуваат од неговата практична примена.

Со измените и дополнувањата на Законот за нотаријатот ќе се надминат констатираните слабости на постојниот закон, содржински ќе се преуредат и допрецизираат законските одредби кои поради нивната недореченост во праксата оставаа простор за различно толкување.

Со Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/16 и 142/16), се пропиша нова постапка за именување на нотари, се пропиша квалификационен нотарски испит, испит за рангирање за нотар, испит за заменик-нотар, испит за помошник-нотар, испит за нотарски стручен соработник и стручен испит за проверка на знаењата кој се спроведуваат по електронски пат и се пропиша постапка за именување на нотари која трае 30 дена во кој рок кандидатите треба да положат квалификационен нотарски испит, испит за рангирање и да приложат доказ за положен психолошки тест и тест на интегритет.

Ваквите одредби за процедурата за спроведување на конкурс за именување на нотари која е комплицирана и неспроведлива, и полагањето на испитите по електронски пат нема да придонесе за именување на постручни лица од кандидатите за нотари.

Целиот текст на предлог измените во Законот за нотаријатот можете да го погледнете ТУКА 

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за извршување

Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување има за цел да ја олесни, поедностави, поефтини и зголеми  ефикасноста при остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред извршител, а во правец на надградување на  системот за брзо и ефикасно спроведување на извршување и остварување на правата на доверителите, почитувајќи го интегритетот на должникот.

Сите решенија преточени во одредбите на Предлог- законот се одраз на потребите од решавањето на постојните проблеми со кои се соочуваат доверителите, должниците и извршителите во пракса, а во крајна линија стопанството и граѓаните во полесниот пристап до остварувањето на нивните права и интереси како клучен сегмент на владеењето на правото во правната држава. Воедно се надминуваат и отворените прашања кои произлегоа од укинувањето на дел од одредбите од страна на Уставниот суд на Република Македонија.

Со Предлог-законот воедно се имплементираат стратешките приоритети на државата определени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, особено во правец на намалување на трошоците за граѓаните во сите постапки, вклучувајќи ја и прекршочната.

Целиот текст на предлог измените во Законот за нотаријатот можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико