Предложени измените во Законот за постапување со бесправно изградени објекти | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Предложени измените во Законот за постапување со бесправно изградени објекти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Gradezni-materijali-940x480Согласно постојното законско решение предвидено е барателите за утврдување на правен статус на бесправните објекти кои се изградени на земјиште кое не е сопственост на барателот или на Република Македонија, односно земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице, односно бесправниот објект е изграден на земјиште кое е сосопственост на барателот и друго физичко или правно лице, да достават договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот односно сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот.

Понатаму, еден од случаите за промена на барател во постапките за утврдување на правен статус на бесправен објект, предвиден во законот е кога барањето за утврдување на правен статус се однесува за бесправен дел од легален објект (бесправна доградба или надградба) а друго лице со договор за купопродажба се стекнало со право на сопственост на објектот кој е запишан во имотен лист, тоа лице да може врз основа на договорот да изврши промена на барател, доколку со договорот е утврдено дека се стекнува и со правото врз бесправниот дел од објектот за кој е поднесено барањето за утврдување на правен статус.

Меѓутоа при спроведувањето на оваа одредба се утврди дека покрај со договор за купопродажба, во пракса промена на сопственоста на објектот кој е запишан во имотен лист се врши и со договор за дар, договор за отстапување на имот за време на живот или договор за доживотна издршка, од кои причини потребно е и овие договори да се предвидат како основ за промена на барател во наведениот случај.

Исто така во законот е утврден рок за доставување на геодетски елаборати за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект (31.12.2015), во кој рок не може да се изработат преостанатите геодетски елаборати за објектите за кои е поднесено барање за утврдување на правен статус, поради што е потребно истиот да се продолжи. Согласно законот рокот за поднесување на барање за утврдување на правен статус за објектите предмет на овој закон изнесуваше 6 месеци односно од 3 март 2011 до 3 септември 2011 година а дел од граѓаните не поднеле барање за утврдување на правен статус во наведениот рок

Препорачуваме

Партнери на Правдико