Предложени измените во Законот за судовите | Правдико

Правдико

   

Предложени измените во Законот за судовите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Во Република Македонија материјата за одговорност на судиите е уредена во Уставот на Република Македонија, во Законот за судовите и во Законот за Судскиот совет на Република Македонија.

Во Амандманот XXVI се пропишани основите за престанок на судиската функција  и основите за разрешување на судија.

Уставниот амандман XXVI е операционализиран во Законот за судовите и во Законот за Судскиот совет на Република Македонија. Имено, одговорноста на судиите е поделена на три нивоа: нестручно и несовесно вршење на судиската функција, потешка дисциплинска повреда и дисциплинска повреда. За првите два основа е пропишано задолжително разрешување на судијата, додека кај третиот е оставена можност за изрекување друга дисциплинска мерка (писмена опомена, јавен укор или намалување на платата во висина од 15 % до 30 % од месечната плата на судија во траење од еден до шест месеца).

Во членот 75 од Законот за судовите е пропишано дека под  нестручно  и несовесно  вршење  на  судиската  функција  се  подразбира незадоволителна  стручност  или  несовесност  на  судијата  што  влијае  врз  квалитетот  и ажурноста во работењето, и тоа:

– ако во текот на една календарска година Судскиот совет на Република Македонија утврдил неефикасно и неажурно водење на судската постапка по вина на судијата, кога судијата по негова вина во повеќе од пет предмети ги пречекорил законските рокови за преземање на процесните дејствија, законските рокови за донесување, објавување или изготвување на судските одлуки, или ако во текот на една календарска година повеќе од 20% од вкупниот број на решени предмети му се укинати или повеќе од 30% од вкупниот број на решени предмети му се преиначени,
– несовесно, ненавремено   или немарно вршење на судиската функција во водењето на судската постапка по одделни предмети,
– пристрасно водење на судската постапка, особено во однос на еднаквиот третман на странките,
– постапување со предметите спротивно на начелото за судење во разумен рок,односно одолжување на судската постапка без постоење законски основ,
– неовластено издавање на класифицирани информации,
– јавно изнесување информации и податоци за судски предмети за кои не е правосилно одлучено,
– намерно повредување правилата за правично судење,
– злоупотребување на положбата или пречекорување на службените овластувања,
– повреда на прописите или на друг начин нарушување на независноста на судиите при судење,
– грубо повредување на правилата на Судискиот кодекс со кој се нарушува угледот на судиската функција и
– ако е донесена одлука од страна на Европскиот суд за човекови права со која е утврдена повреда на правото на правично судење согласно со членот 6 од Европската конвенција за човекови права или е донесена одлука на Врховниот суд на Република Македонија со која е утврдена повреда на правото за судење во разумен рок, како резултат на постапување на судија.

Потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за дисциплинска одговорност на судија за разрешување се смета:

1) потешка повреда на јавниот ред и мир со која се нарушува неговиот углед и угледот на судот;
2) потешка повреда на правата на странките и на другите учесници во постапката со што се нарушува угледот на судот и судиската функција;
3) повреда на начелото на недискриминација по кој било основ и
4) непостигање на очекуваните резултати во работата повеќе од осум месеци без оправдани причини што го утврдува Судскиот совет на Република Македонија преку бројот на решени предмети во однос на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно утврден со одлука на Судскиот совет на Република Македонија.

За подобрување на законот во делот на одговорноста на судиите се наметна потребата од додавање нов дел во еден од постојните основи за нестручно и несовесно вршење на судиската функција кој се однесува на непочитување на законски рокови пропишани во одредени закони

Предлогот на Законот за дополнување на Законот за судовите содржи  два  члена. Со членот 1 се додава нов дел во еден од  постојните основи за нестручно и несовесно вршење на судиската функција кој се однесува на непочитување на рокови пропишани во одредени закони. Со членот 2 се уредува влегувањето во сила на законот.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико