Предложени измените во Законот за трговија | Правдико

Правдико

   

Предложени измените во Законот за трговија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Потребата за изменување и дополнување на Законот за трговија е поради потребата да се регулира увозот на употребувани моторни возила од страна на физичките лица, т.е. да се утврди можност за да се утврдат соодветни ограничувања при увозот на  употребувани моторни возила од страна на физичките лица, да се дорегулира вршењето на трговијата  со употребувани моторни возила, да се забрани продажбата на земјоделски производи на места кои не се за тоа предвидени и да се утврдат соодветни прекршочни мерки. 

Владата на Република Македонија на Педесет и првата седница одржана на 27.01..2015 година, по точка 166: Информација со предлог мерки и компаративна анализа за соодветни законски измени со кои попрецизно ќе бидат дефинирани правилата за трговија со стари моторни возила го задолжи Министерството за економија да подготви и во рок од три месеци до Владата да достави Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за трговија и Предлог – правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минимално технички услови за вршење на трговија, со кои ќе се дефинираат автоплацевите како посебна категорија на продажни објекти за трговија со стари моторни возила.

Во меѓувреме Владата на Република Македонија на Шеесет и четвртата седница одржана на 24.03.2015 година, по точка 31: Информација во врска со Одлуката за ограничување на увозот на употребувани патнички автомобили и други моторни возила од страна на едно физичко лице го скрати рокот за донесување на измените и дополнувањата на Законот за трговија и го задолжи Министерството за економија да подготви и за третата наредна седница на Владата да достави соодветни измени на Законот за трговија.

Министерството за економија врз основа на претходното, подготви Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во насока на:

  • пропишување на одредби со кои ќе се наведе дека одредбите од законот ќе се применуваат и на физичките лица граѓани кои вршат увоз на употребувани моторни возила за свои потреби
  • пропишување на одредби со кои ќе се ќе се дефинираат автоплацевите како посебна категорија на продажни објекти за трговија со стари моторни возила.
  • пропишување на одредби за забрана на продажбата на земјоделски производи на места кои не се за тоа предвидени, со соодветни прекршочни одредби и санкции

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико