Предложени измени во Законот за експропријација | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за експропријација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie na rmСо изменувањето и дополнувањето на Законот зa експропријација (“Службен весник на Република Македонија“, бр. 95/12, 131/12, 24/13, 27/14, 104/15, 192/15 и 23/16), се врши усогласување со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост во однос на употреба на поимот „корисници на градежно земјиште“.

Воедно се дообјаснува терминологијата употребена во законот како и допрецизирање на јавниот интерес од значење за Републиката во однос на енергетските објекти кои се сметаат за јавен интерес, како и допрецизирање на постапката за експропријација, како во однос на подносителите на предлогот за експропријација така и во однос на утврдување на надоместот за недвижноста која е предмет на експропријација.

Имено со оглед дека со Законот за градежно земјиште е уредена постапката за востановување на службеност на градежното земјиште сопственост на Република Македонија се предлага да се измени членот 13 во насока на усогласување со Законот за градежно земјиште, кога се воспоставува службеност на градежно земјиште кое е сопственост на Република Македонија.

Исто така со овие измени и дополнувања се предвидува дека предлогот за експропријација на недвижност заради реализација на јавен интерес од областа на енергетиката, минералните суровини и телекомуникациите, на која во претходно спроведена постапка, согласно со закон, е стекнато право на концесија или друго право, го поднесува субјектот односно правното лице од областа на енергетиката, минералните суровини и телекомуникациите, наместо досегашното законско решение, според кое предлогот за експропријација го поднесуваше Државниот правобранител по претходна иницијатива на овие правни лица.

Со измените и дополнувањата на Законот зa експропријација, се предвидува можноста проценката за пазарната вредност на експроприраната недвижност и на недвижноста што се дава како надомест, покрај овластен проценувач согласно Законот за процена да ја утврдува и Бирото за судски вештачења

Основна цел на предложените измени на законот е да се прецизира јачината, односно напонското ниво на објектите (трафостаници), чија градба претставува јавен интерес од значење за Република Македонија, унифицирање на постапката за востанување право на службеност на земјиште сопственост на Република Македонија на која се применуваат одредбите од Законот за градежно земјиште, како и прецизирање на субјектот кој го поднесува предлогот за експропријација на недвижност заради реализација на јавен интерес од областа на енергетиката, минералните суровини и телекомуникациите, на која во претходно спроведена постапка, согласно со закон, е стекнато право на концесија или друго право, а кој субјект го претставува правното лице од областа на енергетиката, минералните суровини и телекомуникациите Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за експропријација.

Предложената измена на Законот за експропријација го содржи следново решение:

– Допрецизирање на одредбата од член 3 од постојниот закон во насока усогласување со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

– Допрецизирање на одредбите од член 6 став (1) алинеја 1 од Законот за експропријација.

– Измена на одредбата од член 13 од Законот за експропријација. –

Допрецизирање на одредбата од член 22 став (4) од Законот за експропријација, со допрецизирање на субјектот кои поднесуваат предлог за кој го поднесува предлогот за експропријација на недвижност заради реализација на јавен интерес од областа на енергетиката, минералните суровини и телекомуникациите. –

Допрецизирање на одредбата од член 26 став (1) од Законот за експропријација, во насока на утврдување на актите за планирање на просторот и усогласување со Законот за градење.

Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико