Предложени крупни измени во Правилникот за вршење на полициските работи | Правдико

Правдико

   

Предложени крупни измени во Правилникот за вршење на полициските работи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija1-630x420Со Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на вршење на полициските работи се предвидува надминување на  практичните проблеми во начинот на вршење на полициските работи. Се работи за голем број на измени меѓу која е и змената на членот 11 од Правлникот во делот на овластувањата на полицијата за собирање на информации кој се менува и гласи:

,,Полициските службеници собираат информации од граѓани, државни органи или правни лица во случаи утврдени со закон. Полициските службеници покрај информациите добиени преку непосредни разговори со граѓани, собираат информации и со непосредно забележување, користење на отворени извори на информации (средства за јавно информирање, социјални мрежи, интернет), преку добиени писмени известувања, известувања по телефон или преку средства за електронски комуникации; со привремено или постојано набљудување на определени лица, простор и објекти каде што може да се очекува вршење на казниви дела или места каде што има предмети кои можат да се користат за извршување на казниви дела, односно предмети кои потекнуваат од извршено казниво дело…….

Полицискиот службеник за добиените информаци, освен за информациите добиени со непосредно забележување изготвува оперативна информација, која се доставува до надлежна организациска единица за криминалистичко-разузнавачка анализа во која се врши обработка, анализирање, користење, оценување, пренесување, чување и бришење на податоците “…

Исто така се додава и нова точка ,,Лишување од слобода”  која ги опишува дејствијата на полициските службеници при лишување од слобода и изготвувањето на службена белешка за истото. Се предлагаат измени и во делот на приведувањето и задржувањето.

Целосниот текст на Предлог измените на Правилникот можете да го превземете ТУКА

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико