Предложени крупни измени во Законот за парнична постапка - прво читање | Правдико

Правдико

   

Предложени крупни измени во Законот за парнична постапка – прво читање

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

3Целите што треба да се постигнат со предложените измени и дополнувања на Законот за парничната постапка, се: создавање на законски претпоставки за посоодветно остварување и заштита на правата на странките во постапката, преку зголемување на степенот на нивната одговорност за успехот во спорот со давањето на законско право на странките, нивните законски застапници или полномошници непосредно и без претходна дозвола од судот, да поставуваат прашања на странките, сведоците и вештаците; обезбедување посоодветни законски механизми странките да дојдат до доказите кои им се потребни во постапката, а не се наоѓаат кај нив; системско усогласување на одредбите на
посебната парнична постапка по платни налози преку усогласување со предложените решенија за нотарски платен налог во Предлогот на закон за нотаријатот; зголемување на вредноста на споровите од мала вредност и споровите од мала вредност во стопанските спорови; зголемување на вредноста на предметот на спорот по кој постапува судија поединец во општата парнична постапка како и во постапката по стопанските спорови, како и пропишувањето на задолжителен обид за решавање по пат на медијација на стопанските спорови до 1.000.000 денари а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, пред поднесување на тужба до суд.

Со предлог измените се дефинира што претставува поимот “документ“ во смисла на Законот за парничната постапка. Согласно наведениот член, документ претставува пишан запис, слика, цртеж, податок или информација од било кој вид зачуван на хартија или снимен во
електронска, аудио, визуелна или во друга форма, како и група на документи од иста категорија или класа со конкректен тесен опфат и со специфична содржина.

Исто така од Предлогот на закон се прават измени и дополнувања на членот 217 од Законот за парничната постапка, така што освен за исправите, одредбите на овој член се однесуваат и за документите. Се пропишува дека ако исправата или документот се наоѓаат кај другата странка или кај трето лице, а самата странка не може да издејствува истите да и се предадат или покажат, судот може да наложи на другата странка или на третото лице да ги достават исправите или документите кои се наоѓаат кај нив, а на кои странката се повикала.

Се менува членот 244 од Законот за парничната постапка. Согласно овие измени, странката, нејзиниот законски застапник или полномошник, има право непосредно, без претходна дозвола од судот, да му поставува прашања и да бара објаснувања вештакот во поглед на дадениот стручен наод и меислење. Дури откако странките ќе го искористат ова законско право, судот може да му поставува прашања на вештакот и да бара објаснувања во поглед на дадениот стручен наод и мислење.

Се менува и дополнува членот 287 од Законот за парничната постапка. Така, се пропишува дека странката, нејзиниот законски застапник или полномошник има право непосредно да им поставува прашања на сведоците, вештаците и на странките. Со ваквото решение се зголемува активната улога на странките во постапката и се зголемува нивната одговорност за успехот во спорот. Воедно се регулира редоследот по кој странките го остваруваат ова законско право. Согласно новите законски решенија, само кога странката, нејзиниот законски застапник или полномошник ќе заврши со поставување на прашања, претседателот на советот може да поставува прашања на сведокот, вештакот или странката, а потоа и членовите на советот можат непосредно да му поставуваат прашања.

Останатиот дел од предлог измените можете да ги погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико