Предложени крупни измени во Законот за ревизија | Правдико

Правдико

   

Предложени крупни измени во Законот за ревизија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Основната цел поради која се предлага донесување на Предлог на законот е зголемување на транспарентноста и одговорноста на овластените ревизори, друштвата за ревизија и овластените ревизори трговци-поединци. Законот чие изменување и дополнување се предлага се заснова врз истите начела врз кои се заснова основниот закон.  Основни решенија на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот  за ревизија се:

– Прецизно уредување на постапката и опфатот на контролната функција на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија како и утврдување на критериуми што треба да ги исполнуваaт лицата кои вршат контрола на друштвата за ревизија и овластениот ревизор трговец-поединец. Контрола над друштвата за ревизија мопже да иницира и Советот за унапредување и развој на ревизијата;

– Извештајот од извршените контроли на работењето на ревизорските друштва задолжително се објавува на интернет станата на Институтот и Советот;

– Зајакнување на системот на истраги и санкции преку прецизирање на дисциплинските мерки што Институтот на овластени ревизори на Република
Македонија и Советот за унапредување и надзор на ревизијата може да ги изречат спрема овластениот ревизор, друштвото за ревизија и овластениот ревизор трговец-поединец, како и престапите за кои се изрекуваат тие мерки;

– Се воведува Регистар на трајно одземени лиценци, како и обврска мерката привремено одземање на лиценца трајно да се евидентира во соодветнот регистар и
-Дефинирање на осигурувањето од одговорност за штетен настан што друштвото за ревизија или овластениот ревизор-трговец поединец може да ја предизвикаат на субјектот кај кого се врши ревизијата или на трети лица при вршењето на ревизијата;

-Се дава можност на лицата кои се стекнале со уверение за сметководител односно овластен сметководител издадено од Институтот на сметководители и
овластени сметководители на Република Македонија согласно Законот за вршење на сметководствените работи да го полага само делот од испитот за стекнување на звањето ревизор согласно Програмата за полагање на испитот за стекнување на звањето ревизор кои не го положиле при стекнување на статусот сметководител односно овластен сметководител.

Предлог измените и дополнувањата можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико