Педложени намалувања во Нотарската тарифа | Правдико

Правдико

   

Предложени намалувања во Нотарската тарифа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_4Mинистерството за правда изготви Нотарска тарифа за изменување и дополнување на нотарската тарифа која достави на мислење до Нотарската комора на РМ. Нотарската комора на РМ донесе мислење со кое ја изразува својата согласност со Предлогот, и тоа во делот кој се однесува на член 11 во новиот став (8) кој се однесува за подготовка и составување на нотарски акти за купопродажба на подвижен или недвижен имот и алинеите 1 и 2 во поглед на износот на висината на нотарската наградa каде се врши намалување на нотарската награда и тоа за вредност на предметот на службеното дејствие  во износ од 9.000.001,00 денари до износ од 20.000.000,00 денари, нотарот да има право на награда од 15.000,00 денари за разлика од досегашните 20.000,00 денари, и за вредност на предметот на службеното дејствие  во износ од 20.000.001,00 денари до износ од 60.000.000,00 денари, нотарот да има право на награда од 20.000,00 денари за разлика од досегашните 30.000,00 денари.

Нотарската комора на РМ истакнува дека не се согласува со алинејата 3)  во која е предвидено доколку  вредноста на предметот на службеното дејствие го надминува износот од 60.000.000,00 денари, нотарот да има право на награда од 30.000,00 денари.

Според постојниот тарифник на нотарите  ако вредноста на предметот на службеното дејствие го надминува износот од  60.000.000,00 денари, на нотарот му припаѓа награда од 60.000,00 денари.

Предлог на комората е нотарската награда за предметите со вредност на дејствие над 60.000.000,00 милиони да изнесува 40.000,00 денари.  Нотарската комора истакнува дека со усвојувањето на предложените измени и намалувањето на наградата за конкретно наведените дејствија, би требало да се елиминира можноста за било какво намалување на наградата во Нотарската тарифа во иднина, од причина што, според нив, би се нарушило функционирањето на нотарската служба и нејзиниот статус во правниот систем.

Целиот текст од Предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико