Предложени нови измени на Законот за семејството
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со цел да се унапреди постапката за засновање на посвојување се наметна потребата од донесување на нови измени и дополнувања на Законот за семејството.
Законот чие донесување се предлага, се заснова на истите начела на кои е заснован и досегашниот Закон.
Предложените измени и дополнувања на Законот за семејството ги содржат следниве решенија:
– утврдување на обврска на центарот за социјална работа за секое дете што ќе го смести во институција или друго семејство писмено да го извести ЈУ Заводот за социјални дејности Скопје, кој ќе врши надзор над стручната работа на центарот за социјална работа,
-утврдување на обврска на социјалната инспекција да изврши инспекциски надзор, доколку од надзорот над стручната работа на Заводот за социјални дејности Скопје се утврдат неправилности во работењето на центарот за социјална работа,
– воведување на глобиза непостапување и непочитување на предвидените рокови од страна на службените лица,
– намалување на роковите за постапување на надлежните институции вклучени во постапката за посвојување, со цел обезбедување на најдобра заштита на интересите на децата без родители и родителска грижа,
– континуирано следење на можните посвоители и по извршениот упис во регистарот на можни посвоители,
– допрецизирање на постапката во делот на обновување на потребната документација за посвојување и
– техничко подобрување на текстот на одредени одредби во Законот.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА