Предложени нови измени во Законот за јавни набавки
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Законот за јавните набавки започна да се применува од 1 јануари 2008 година. Во периодот на негова примена беа донесени неколку измени и дополнувања со кои се извршија низа на прилагодувања и подобрувања на законскиот текст, а се воведоа и одредени новини согласно со политиките на Владата на Република Македонија.
Советот за јавни набавки започна да работи на барањата за добивање согласност на 1 мај 2014 година. Во изминатиот период се направија одредени интервенции во законските одредби кои го уредуваат неговото постапување, а се проширија и неговите надлежности, односно различните правни основи по постапува.
Токму и овие измени и дополнувања се фокусираат на натамошно подобрување на постапката пред Советот, со цел да се овозможи зајакнување на контролниот механизам кој Советот го остварува, но и поедноставување на постапката во одредени случаи каде досегашното искуство покажа дека постапувањето на Советот доведува до несразмерно усложнување во однос на бенефитите од спроведената контрола.
Исто така, треба да се потенцира и фактот дека Република Македонија има значително искуство во користењето на електронски јавни набавки и најразвиен систем за е-набавки во регионот. Зголемувањето на процентот на постапки кои целосно се спроведуваат преку Електронскиот систем за јавни набавки претставува важен дел од предложените измени и дополнувања.
Предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки првенствено се со неколку основни цели:
- да се допрецизираат и подобрат одредени одредби кои се однесуваат на начинот на постапување на Советот за јавни набавки;
- да се доуреди начинот на вклучување стручни лица при одлучувањето на Советот за јавни набавки;
- да се воведат задолжителни електронски јавни набавки прогресивно во распон од следните три години;
- да се воведат одредени олеснувања од системот на согласности кои ги издава Советот за јавни набавки;
- да се доуреди постапката со барање за прибирање на понуди во делот на докажување на способноста на понудувачите;
- да се продолжи рокот за проверка на документацијата за утврдување способност кај набавките со проценета вредност над 1 милион евра поради сложеноста на овие постапки и
- да се воедначи праксата при појава на дополнителни, работи, непредвидени работи, вишоци на работи и кусоци на работи при реализација на договорите за јавна набавка на работи.
Предлогот за донесување Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки се заснова на основните начела на Законот за јавните набавки, а особено на начелата на транспарентност и рационално трошење на јавните средства.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА