Предложени нови измени во Законот за полиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за полиција (,,Службен весник на Република Македонија” бр.114/06, 6/09, 145/12, 41/14, 33/15, 31/16 и 106/16), нормaтивно правно се уредуваат полициските работи, организацијата на Полицијата, полициските овластувања и правата и обврските што произлегуваат од работниот однос на полициските службеници во Министерството за внатрешни работи, што не се уредени со Законот за внатрешни работи.
Содржински, Законот за полиција е поделен во VIII глави: општи одредби, полициски работи, организација на Полицијата, полициски овластувања, работни односи, резервен состав на Полицијата, овластување за подзаконски прописи и преодни и завршни одредби. Заради нормативно уредување на разултатите од повеќе годишните реформи во Полицијата, како и заради економично и специјализирано извршување на полициските работи се предлагаат соодветни интервенции во овој дел од законот, во содржината на членовите 17 и 18 од овој закон.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА