Предложени нови измени во Законот за трговски друштва
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предмет на уредување на Законот за трговските друштва е начинот на основање, на функционирање и на престанок на сите форми трговски друштва, предвидени со овој закон. Според препораките од последниот Извештај на Светска банка за 2016 година, во делот на индикаторот Заштита на малцинските инвеститори, се укажува на соодветни измени во Законот, во начинот на функционирање на акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност, и тоа конкретно во постапката за свикување собрание на акционери, односно собир на содружници, како и во постапката за отуѓување на имотот во друштвата со ограничена одговорност.
Наведените препораки беа предмет на разгледување од страна на Работната група, формирана со претставници од Минстерството за економија, Министерството за финансии и Комисијата за хартии од вредност, при што е утврдено дека истите можат да се применат и во начинот на функционирање на АД и ДОО во Република Македонија, доколку за тоа се подготват соодветни измени на Законот за трговските друштва.
Целта на Предлог – законот е подобрување на правата на малцинските инвеститори, преку соодветни измени во начинот на функционирање на акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност во Република Македонија. Основни начела предвидени со Предлог на законот се јавност и транспарентност при спроведување постапки за донесување одлуки од значење за функционирањето на АД и ДОО.
Основни решенија содржани во Предлог на законот се:
-пролонгирање на роковите во делот на постапката за свикување собрание на акционери, односно собир на содружници, од сегашните најмалку 25 до 50 дена за АД, како и осум дена за ДОО, на сега предложените 30 дена, сметано од денот кога писмената покана, односно известувањето по писмен пат е испратено или објавено, до денот на одржување на собранието, односно собирот;
-во рамки на друштвата со ограничена одговорност, при отуѓување на имотот, се предвидува постапка за одобрување од страна на органите на управување и надзор, односно од собирот на содружници, како дел од постапка за одобрување голема зделка, која што во моментов се применува само за акционерските друштва.
Предлог измените можете да ги погледнете ТУКА