Предложени парични казни за 17 лица во Скопје | Правдико

Правдико

   

Предложени парични казни за 17 лица во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа.

Обвинителството за нив предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Препорачуваме

Партнери на Правдико