Предложени преку 130 нови законски измени по скратена постапка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пратениците ќе имаат многу работа на последната седница на Собранието пред тоа привремено да ја прекине работата во март поради претседателските избори на 13 април. Пред денешниот почеток на седницата 40-ината првични точки на предлог на Владата беа надополнети со преку 130 нови законски измени, кои треба да се донесат по скратена постапка.
Опозицијата негодуваше на ваквото темпо на работа тврдејќи дека законите се носат предизборно и со цел да се прикријат грешките и лошите решенија во Законот за државните службеници кој исто така е на дневен ред.
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски, пак, вели дека тој како претседател на парламентот не го диктира темпото на предлагачите на законите и дека е должен според Деловникот на дневен ред да го стави секој предложен закон. Дебатата за законите и нивното гласање вчера се одвиваше без присуство на опозицијата во собраниската сала.
– Овој преседан на парламентарното мнозинство на Никола Груевски, Европската комисија го стави во еден од своите извештаи, со препорака скратената постапка да биде исклучок – реагираше со изјава генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.
Тој посочи дека СДСМ во својата програма предвидува дека законите во Собрание треба да се носат со широка експертска и политичка дебата.
– Ваквиот потег е со единствена намера, да се прикријат катастрофалните измени на Законот за државни службеници – рече Горан Сугаревски, кој најави дека пратеничката група на СДСМ нема да ги поддржи најновите решенија зашто се нефункционални и полни со грешки.
– Никој тука не може да го ограничува правото на предлагање. Минатата собраниска седница Вие поднесовте два закона по скратена постапка што ги ставив на дневен ред и беа разгледани. Тоа е моја должност, да ги ставам на дневен ред сите закони доставени од овластен предлагач – одговори Вељаноски.
Имер Алиу од ДПА, пак, забележа дека во ваквите закони има одредби кои се дискриминаторски за Албанците во однос на правичната и соодветната застапеност.
Извор: Дневник