Предложени се измени во Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор | Правдико

Правдико

   

Предложени се измени во Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Измената и дополнување на Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор се врши поради негово усогласување со одредбите од Законот за административните службеници и уредување на начинот на лиценцирање на финансиските инспектори.

Целта на овој закон е подобрување на функционирањето на финансиската инспекција како сектор во рамки на Министерството за финансии преку  олеснување на постапката за екипирање и подигање на  неговите административни капацитети.

Градење на административните капацитети на финансиската инспекција е неопходно заради спроведување континуиран и квалитетен надзор во работењето на субјектите од јавниот сектор, а со цел заштита на нивните финансиски интереси од сериозно лошо финансиско управување, измама и корупција.

Заради подигање на административните капацитети на финансиската инспекција се уредува начинот и постапката за спроведување на испитот за добивање лиценца за финансиски инспектор. Обуката и испитот за добивање лиценца за финансиски инспектор ќе се врши согласно Програма за начинот на полагање на испитот за добивање лиценца за финансиски инспектор донесена од министерот за финансии.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико