Правдико

   

Предложени се измени во Законот за персоналниот данок на доход

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за персоналниот данок на доход  е воведен персоналниот данок на доход и е уредeн начинот на оданочување на доходот на граѓаните. Персонален данок на доход се плаќа на приходите на физичките лица остварени во земјата и странство, во пари, хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид, освен приходите кои се изземени од оданочување со овој закон. Персоналниот данок на доход меѓу останатите видови на приходи, се плаќа и на приходите остварени по основ на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижен имот.

Со Предлогот на Законот се врши допрецизирање на законските одредби во насока на утврдување на продажната цена на недвижниот имот, така што при продажба на недвижниот имот како продажна цена ќе се смета договорената цена, а доколку органот за јавни приходи оцени дека договорената цена е пониска од пазарната, како продажна цена се смета пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од страна на единицата на локалната самоуправа и Градот Скопје според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, без данокот на промет на недвижности.

Со измените на Законот, за даночните обврзници при продажба на недвижен имот кои сами го изградиле постојната одредба се менува во насока при што се пропишува дека во случај кога недвижниот имот даночниот обврзник сам го изградил за набавна цена ќе се смета цената на чинење на недвижноста која обврзникот документирано ќе ја докаже, врз основа на трошоците направени за изградбата на недвижност, при што доколку истата не може да се докаже, во тој случај за набавна ќе се смета цената на чинење (градежна цена) на ист или сличен недвижен имот во периодот на изградбата на подрачјето на кое се наоѓа недвижниот имот, а доколку во тоа подрачје нема таков објект во тој случај за набавна цена ќе се смета цената на чинење (градежна цена) на ист или сличен недвижен имот во периодот на изградбата, која ќе се утврдува како просечна цена за територијата на Република Македонија.

Со Предлогот, за разлика од постојното решение според кое капиталните добивки од продажба на недвижен имот се оданочуваа во висина од 70%, со предложените измени и дополнувања се пропишува целосно оданочување на капиталната добивка остварена од продажба на недвижен имот. По исклучок од наведеното, капиталната добивка остварена со продажба на недвижниот имот во висина од 70% се оданочува само под услов обврзникот да живее најмалку една година пред продажбата во недвижниот имот, кој е предмет на продажба.

Со измените и дополнувањата се пропишуваат и случаите според кои капиталната добивка остварена од продажба на недвижен имот нема да се оданочува, односно истите се во поврзност со временскиот период кога обврзникот го продава недвижниот имот од денот на стекнувањето, потоа во случај на продажба на недвижен имот стекнат по основ на наследување или подарок кој е ослободен од плаќање на данок согласно одредбите од Законот за даноците на имот. Ослободување е предвидено и во случаи на продажба на недвижен имот меѓу брачните другари како и продажба извршена на трети лица и тоа кога продадениот недвижен имот е во непосредна поврзаност со развод на бракот. Со оглед на наведеното се утврди потребата од изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход.

Целиот текст на предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Партнери на Правдико