Предложени се измени во Законот за помилување | Правдико

Правдико

   

Предложени се измени во Законот за помилување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieЗаконот за помилување е донесен во 1993г. заради уредување на уставна надлежност на Претседателот на Република Македонија да дава помилување на поименично определени лица. По одлуката на Уставниот суд за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година се создаде правна празнина која може да ги охрабри потенцијалните сторители на најтешките кривични дела како што се: терористи, педофили,наркодилери, фалсификатори на избори, криминалци од врвот на власта. Светот и Република Македонија се соочуваат со сериозни предизвици: глобален тероризам, неовластено прислушкување, производство и трговија со дрога, корупција, злосторничко здружување.

Република Македонија не смее да испрати порака дека ќе има милост за сторителите на овие најтешки дела кои се сериозна закана за современиот свет. Од тие причини предлагаме во актот за помилување претседателот да го наведе делото за кое одредено лице ќе биде помилувано. Актот за помилување не смее да се однесува на одредени кривични дела кои претставуваат особена општествена опасност во современиот свет и во Република Македонија. Исто така се забранува едно лице да биде помилувано за повеќе од едно дело во период од 20 години.

Во предлог измените стои:

,, Претседателот на Република Македонија во актот на помилување мора да го наведе делото за кое се помилува едно лице.
Актот на помилување не смее да се однесува на кривично дело неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151, кривични дела против изборите и гласањето од Глава шеснаесетта од Кривичниот законик, кривични дела против половата слобода и половиот морал од Глава деветнаесетта од Кривичниот законик сторени спрема деца и малолетни лица; кривични дела против здравјето на луѓето од Глава дваесет и прва: кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, , кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од член 216, кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување од член 353; кривично дело злосторничко здружување од член 394; кривични дела поврзани со тероризам од членовите 394- а, 394-б и 394-в и за кривични дела против човечноста и меѓународното право од Глава триесет и четврта од Кривичниот законик. Едно лице не може да биде помилувано за повеќе од едно кривично дело во период од 20 години.”

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Партнери на Правдико