Предложени се измени во Законот за превоз во патниот сообраќај
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кон измените Предлог законот се пристапи со цел да се запазат критериумите утврдени во Повелбата за квалитет за активности за меѓународен патен транспорт на стока според мултилатералната квота на ЕКМТ. Имено во оваа повелба се прецизирани карактеристиките на картичката која мора да ги исполнува ISO стандардите 7810 и 7816-1. Целта за воведување на овие картички е да се спречи било какво фалсификување или изменување на истата и забележување на таквите обиди.
По барање на град Скопје а со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот и неговата подобра организираност и ефикасност како и подобрување на услугите на патниците, се пристапи кон измени кои се предвидува единствен електронски систем на возни билети во градскиот превоз во Скопје.
Се предвидува одредба со која се воведуваат конкретни рокови за автобуските станици во кои мораат да ги сервисираат своите обврски согласно Одлуката за определување на висината на надоместокот за користење на услугите на автобуските станици.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА