Предложени се измени во Законот за водите | Правдико

Правдико

   

Предложени се измени во Законот за водите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Во постојниот член 93 од Законот за водите  е даден правниот основ со кој се пропишува дека Владата на Република Македонија на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање ја пропишува Уредбата за класификација и категоризација на водите, рокот на постигнување на целите на квалитетот на водите и целите на животната средина на сите водни тела.

Согласно вака наведениот член потребно е уредување на класификацијата и категоризацијата на водните тела во еден подзаконски акт. За уредување на класификацијата на водните тела неопходно е утврдување на биолошките показатели  за кои е потребно вршење на истражни активности и мерења на терен.

За таа цел се пристапи кон изменувањата и дополнувањата на законот со кој се предлага донесување на два одделни подзаконски акти со кои одделно  ќе се уреди на класификацијата на водните тела од категоризацијата на истите.

Воведувањето на системот на класификација на површинските води е со цел утврдување на систем на сет на параметри и гранични вредности со кои се обезбедува понатамошно дефинирање на состојбата на површинските водни тела во Република Македонија. На овој начин ќе се уредат:

  • карактеристиките и  критериумите  за проценка, определување на статусот на водните тела и нормативни дефиниции за класификација на еколошкиот статус во висок, добар умерен, недоволен и лош статус на површинските води;
  • карактеристиките, критериумите и  минимум стандардите за определување на добар хемиски статус на површинските водни тела;
  • карактеристиките, критериумите и  минимум стандардите за определување на добар еколошки статус на површинските водни тела;
  • карактеристиките, критериумите и  минимум стандардите за определување на добар хемиски статус и добар еколошки потенцијал на силно изменетите и вештачки површински водни тела;
  • супстанциите, стандардите за еколошки квалитет и постапките за определување на класата на хемиски статус на површинските водни тела;
  • стандардите за еколошки квалитет, индекси за еколошки квалитет и други гранични вредности како и постапки за определување на класата на еколошкиот статус/потенцијал на поршинските водни тела; и
  • постапките за определување класификација на статусот на површинските водни тела.

Врз основа на  карактеристиките и критериумите  кои ќе бидат утврдени со прописот за  класификацијата на водните тела и прописот кој ја дефинира содржината на програмата на мерки кој е составен дел на планот  за  управување  со  речен   слив,   за  секое  водно  тело  во  сливот  се определуваат цели  на  животна  средина  и  рокот  за постигнување  на  добра  состојба  и програма на  мерките  за  тоа  водно  тело. Ова преставува нова терминолошка конципираност која впрочем го преставува системот на категоризација на водите и е во насока на:

  • намалување на испуштањата на загадувачките материи и супстанции;
  • прогресивно намалување на испуштањата, како и истекување на определени загадувачки материи и супстанции или групи загадувачки материи и супстанции коишто претставуваат значителен ризик за водата како медиум на животната средина, вклучувајќи ја и водата за пиење (приоритетни материи и супстанции);
  • престанок и постепено намалување на испуштањата на приоритетни опасни материи и супстанции;
  • санирање или ублажување на последиците од какво било загадување на водите, крајбрежните земјишта и водните живеалишта;
  • враќање на природната состојба на водното тело во случај кога тоа е можно и доколку за тоа не се потребни несоодветно високи трошоци, односно не предизвикува значителни негативни последици по животната средина, пловидбата и рекреацијата, складирањето вода за водоснабдување, наводнувањето и производството на електрична енергија, регулацијата на водотеците, заштитата од поплави и други важни активности поврзани со човечкиот развој и подобрување на карактеристиките на вештачките и силно изменетите површински водни тела.

Со предложениот концепт за утврдување на целите на животна средина за секое водно тело и рокот за постигнување на добра состојба на секое поединечно кое преставува категоризирање на истото  во временска циклус на планот за управување со речен слив неопходно е истражна активност со континуирано следење на елементите за квалитет кое ќе опфати: Биолошките елементи (Составот и изобилството на: водната флора, на бентосни без’рбетници фауна, рибната фауна);Хидроморфолошки елементи како поддршка на биолошките елементи; Хидролошкиот режим-обемот и динамиката на проток на вода и врска со подземните водни тела; континуитет; Морфолошки услови (длабочината на реката и варијација на ширина, структурата и супстрат на коритото на реката,структура на крајбрежна зона); Хемиски и физичко-хемиски елементи како поддршка на биолошките елементи (основни, Термички услови, Услови за оксигеност, Соленоста, закиселување, нутриенти, Специфични загадувачи); Загадувањето од страна на сите приоритетни супстанции и др.

Целиот текст на предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Партнери на Правдико