Предложени законски измени за навремен и непречен откуп на тутунот | Правдико

Правдико

   

Предложени законски измени за навремен и непречен откуп на тутунот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

4523453245555-17029Согласно членот 20 од Законот за тутун и тутунски производи  откупувачот на тутун е должен најдоцна до почетокот на откупот на тутун како доказ за обезбедени финансиски средства за исплата на целокупната договорена и откупена количина на тутун од тековната реколта во висина според просечната откупна цена од минатата реколта, да обезбеди:

– банкарска гаранција и изјава од одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност заверена кај нотар дека целокупната договорена количина на тутун ќе ја исплати на тутунопроизводителите или

– финансиски средства на посебна наменска жиро сметка и изјава од одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност заверена кај нотар дека целокупната договорена количина на тутун ќе ја исплати на тутунопроизводителите и дека средствата од наменската сметка исклучиво ќе се користат за исплата на договорениот тутун.

Поради тоа што повеќето откупни претпријатија не можат да обезбедат покриеност на сите договорени количини тутун преку гаранции и посебни сметки кои повлекуваат високи камати во времетраење од 3-4 месеци колку што трае откупот на тутунот, со тоа ќе го зголемат вкупниот износ на средствата за исплата на тутунот од реколта 2015 година, а тоа ќе се одрази и на квантитетот и квалитетот на откупот со крајни финансиски последици кај тутунопроизводителите. реколта 2015 година од страна на откупувачите на тутун, а со тоа и навремен и квалитетен откуп на тутун.

Овој Предлог на Закон за дополнување на Законот за тутун и тутунски производи се предлага поради барањата на здруженијата на тутунопроизводители за навремен и квалитетен почеток на откупот на тутунот од реколта 2015 година и навремено обезбедување на средства за негова исплата од страна на откупните претпријатија кои имаат склучени договори за откуп со тутунопроизводителите по основ на договори за кредитни линии со динамика на прилив на средства наменети исклучиво за откуп на тутун и изјава од одговорното лице на откупувачотдадена под материјална и кривична одговорност дека финансиските средства одобрени со договорот исклучиво ќе бидат наменети за исплата на откупенио тутун.

Препорачуваме

Партнери на Правдико