Предложено е донесување на Закон за пробација | Правдико

Правдико

   

Предложено е донесување на Закон за пробација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieКако дел од реформата на казнено-правниот систем на Република Македонија е предвидена и реформа на системот за извршување на санкциите со воспоставување на посебна пробациска служба во државата, со што ќе се овозможи практична имплементација на алтернативните начини на казнување на сторителите на кривични дела на слобода (во заедницата).

Со донесувањето на Законот за пробација ќе се даде основа за создавање на нова посебна и одржлива служба за пробација која што со сторителите на кривични дела ќе постапува на еден структуриран начин во сите фази на кривично правната постапка. Подеднакво, целта на Законот за пробација е преку воспоставување на рамка на еден ефективен систем на санкции во рамките на заедницата и заштитни механизми кои што ќе бидат прифатени од страна на заедницата да се обезбедат краткотрајни и долготрајни придобивки за општеството кои што ќе бидат пропорционални со стапката на криминал и ќе ги почитуваат човековите права на сите засегнати страни, а со што ќе се придонесе за зајакнување на безбедноста во општеството.

Со Законот за пробација ќе се дефинираат надлежностите на пробациската служба и начинот на реализација на активностите на оваа служба, со внимателно утврдени правила за менаџирање и управување, што ќе овозможи авторитет на пробациските службеници што во крајна линија ќе ја зголеми довербата на судиите почесто да изрекуваат алтернативни санкции и мерки.

Предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико