Предложено задолжително психијатриско лекување за лице обвинето за братоубиство | Правдико

Правдико

   

Предложено задолжително психијатриско лекување за лице обвинето за братоубиство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за изрекување на мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за едно лице обвинето дека извршило кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 во врска со чл.12 ст.1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во вечерните часови на 31 декември, во семејниот дом во село Чајлане, Сарај, во состојба на непресметливост поради трајна душевна болест – параноидно растројство, при вршење семејно насилство, со умисла го лишил од живот сопствениот брат.

Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент обвинетиот од џебот извадил нож и му нанел две сечни и три убодни рани во вратот на својот брат. Како резултат на брзото и обилно искрварување од вратните крвни садови, бил предизвикан недостаток на кислород во мозокот на оштетениот, па на 05.01.2020 година тој починал.

Препорачуваме

Партнери на Правдико