Предложено задолжително психијатриско лекување за скопјанецот кој сo нож го уби сопствениот татко | Правдико

Правдико

   

Предложено задолжително психијатриско лекување за скопјанецот кој сo нож го уби сопствениот татко

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за 24-годишниот скопјанец, кој на 12 април со нож го уби својот татко. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за иречкување мерка на безбедност до Основниот кривичен суд Скопје.

„Обвинетиот 24–годишник, на 12 април, во состојба на непресметливост поради привремено душевно растројство, при вршење семејно насилство, го лишил од живот сопствениот татко. Додека оштетениот седел на внатрешните скали кои воделе од приземјето кон повисокиот кат на куќата, обвинетиот се симнал по скалите од горниот кат држејќи нож во раката и поради претходно нарушени семејни односи, на својот татко му задал пет рани во пределот на главата, вратот и раката. Оштетениот успеал да се оттргне и пеш тргнал кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој бил во близина на неговото живеалиште за да побара лекарска помош. Но, како последица на обилното крвавење од раните кај него настапила шокова состојба, која довела до нарушување и конечен престанок на работата на виталните органи, па тој починал во кругот на Клиничкиот центар“, образложи судот.

Со оглед на утрврдената фактичка состојба во поглед на здравствената состојба и непресметливоста на обвинетиот, јавниот обвинител му предложи на судот да ја укине претходно определената мерка притвор, но обвинетото лице да не биде пуштено на слобода, туку до завршување на постапката против него за примена на мерките на безбедност привремено да се смести во соодветна здравствена установа.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико