Предложено законско решение за решавање на статустот на стечајците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предлог Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост се предлага да се донесе со цел да им се реши статусот на овие лица кои се останати без основни средства за егзистенција, кои се повеќе тонат во сиромаштија, беда и безнадежност и немаат можност на друг начин да ја решат својата егзистенција.
Со донесувањето на овој закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост треба да им се реши статусот на лицата кои останале без работа по основ на прогласување на стечај, ликвидација или технолошки вишок во претпријатијата во кои работеле, а чиј број е околу 4.000.
Законот, чие донесување се предлага, се засновува на начелата на законитост, социјална правда и сигурност наведени во Уставот на Република Македонија Законот нуди решенија со кои лицата кои останале без работа поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, треба да им се обезбеди паричен надомест во висина од 30% (триесет проценти ) од просечно исплатената месечна нето плата по работник во Република Македонија за претходната година.
Предлог Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост ќе предизвика финансиски импликации врз Буџетот на Република Македонија во висина од околу 5.000.000 евра.
Предлог законот можете да го превземете ТУКА