Предметите за прислушкуваните разговори се распоредени на 17 обвинители
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушкуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ, се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство.
Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности согласно Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство.
Напомнуваме дека, како и по сите други кривични пријави и настани без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети.
Извор: ЈОРМ