Правдико

   

Предметот за куќниот притвор на Талески испратен во Апелација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот суд денеска го испратил до Апелацискиот суд предметот за куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

Vladimir-Taleski

– Предметот е комплетиран и доставен до Апелацискиот суд – ни изјави портпаролката на судот, Паула Божиновска.

За испраќање на предметот до Апелација се чекаше на доставниците од СВР Битола, како доказ дека Талески и полицијата го добиле решението за куќен притвор, за да може да биде доуреден и комплетиран предметот.

Според информации од Апелацискиот суд, оттаму очекуваат предметот да го добијат во текот на денот. Сепак, за да се изјаснат во врска со него, тие треба да видат што точно содржи документацијата, односно кој има поднесено жалба.

Жалба на одлуката за куќен притвор досега најави одбраната на Талески, а Апелацискиот суд ќе одлучува дали ќе ја укине оваа одлука или ќе го потврди решението на Основниот суд Скопје 1.

Инаку, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 претходно го укина решението на судијата на претходна постапка со кое на Талески само му беше одземен пасошот и донесе одлука на битолскиот градоначалник да му биде одреден куќен притвор.

Од понеделникот напладне битолската полиција почна со спроведувањето на решението за куќен притвор и нивни екипи прават ненајавени посети во домот на битолскиот градоначалник.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.

Извор: Мета

Партнери на Правдико