Правдико

   

Предметот за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ ќе го суди Осман Шабани

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијата Осман Шабани од одделот на кривичниот суд за организиран криминал ќе го суди првото обвинениет за случајот „Талир“ на СЈО, информираа од кривичниот суд.

Обвинети се поранешни високи функционери на партијата ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои, Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. На Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа лани доби двегодишна условна казна кога се спогоди со СЈО и призна вина.

Шабани ги води предметите „Титаник“, „Топлик“ и повторената постапка за „Монструм“.

Специјалното јавно обвинителство на 22 ноември лани до скопскиот кривичен суд поднесе два обвинителни акта по спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир“.

Вториот обвинителен акт за истиот предмет, што се однесува на незаконска изградба, сè е кај судија за оценка на обвинението.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико