Предоложени измени во Законот за даночна постапка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Целта на изготвениот Предлог на закон е да се овозможи доставувањето на даночниот управен акт и даночниот акт и по електронски пат со пренос на податоци или документи преку информацискиот систем на Управата за јавни приходи или на последната пријавена адреса на електронска пошта на даночниот обврзник во Управата за јавни приходи, со претходна согласност на даночниот обврзник.
Истовремено со предвидените измени и дополнувања ќе се овозможи електронска размена на податоци помеѓу Управата за јавни приходи и Агенцијата за катастар на недвижности при спроведувањето на даночната постапка. Исто така, предвидени се и измени и дополнувања на одредби од Законот кои се однесуваат на начинот и постапката за одлагање на плаќање на даночниот долг и замена на видот на гаранцијата за обезбедување на плаќање на даночниот долг, со што се овозможува на Управата за јавни приходи на барање на даночниот обврзник, во
рокот одобрен за одложено плаќање да има можност да донесе одлука за замена на гаранцијата за обезбедување на плаќањето на даночниот долг по вид и висина, соодветно на износот на преостанатиот одобрен даночен долг.
Исто така, со предложените измени на законот се врши допрецизирање во поглед на употребата на поимите “даночен обврзник“ и “даночен должник“.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА